Испечати

Бугарски солени мафини

Бугарски солени мафини

Состојки

  • 3 јајца
  • 1/2 лажиче сол
  • 60мл масло
  • 200гр кисело млеко
  • 10 лажици бело брашно
  • 150гр рендано бело сирење
  • 3/4 кесе пециво (или 1 полно лажиче)
  • 12 парчиња луканка (или чајна кобасица)
  • 50гр кисела павлка за декорација и магдонос

Подготовка

Прво во вангличка се ставаат јајцата и солта и убаво се матат.
Постепено се додава маслото, киселото млеко, соединетите пециво и брашно, ренданото сирење.
Убаво се промешува.
Калап за мафини се намрсува и се наросува со малку брашно.
Во секое дупче се става по една не многу полна лажица од смесата.
Врз смесата се става луканка, а во мојов случај тоа беше чајна и се покрива со по една лажица од смесата.
Се печат на 190 степени околу 25 минути, односно додека не добијаат златна боја.
Изладени се декорираат со кисела павлака и магдонос.
Се служат со јогурт или кисело млеко.