Погачки со маслинки
Состојки
- 700гр брашно
- 1 кесичка сув квасец
- 180мл јогурт
- 150мл топла вода
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 2 лажици мелено ленено семе
- 50мл зејтин
- фил
- 200гр сирење
- 20 маслинки
- 200гр маргарин
Подготовка
Квасецот се става да стаса во затоплената вода. Брашното се меша со останатите суви состојки-квасецот, лененото семе, шеќерот и солта и се замесува со стасаниот квасец. Се додава и јогуртот малку замлачен и зејтинот. Се замесува меко мазно тесто и се остава да надојде. Од стасаното тесто се зема во рака се расплескува и се полни со лажичка маргарин, сецкани маслинки и парченце сирење. Се преклопува-затвара и секое топче се реди во подмачкан плех. Од како ќе стасаат погачките се засекуваат со ножици и на секое топче се става парче маргарин. Се печат околу 35 минути на 180 степени.
Погодни се за појадок, а и како ужинка за по пат.