Пита со компир
Состојки
- 1 кг компир
- 3 јајца
- 1 чаша млеко
- половина филџан зејтин
- 1 прашок за пециво
- 6-7 лажици брашно
- 1 кафено лажиче мешан зачин
- по потреба сол
- по вкус мелен црн бибер
Подготовка
1. Најпрво излупете го компирот и исецкајте го на мали коцки.
2. Потоа ставете го во тенџере на оган додајте го зејтинот, мешаниот зачин, сол, малку мелен црн бибер и оставте го да се пржи на средна температура.
3. Откако ќе се испржи оставте го да се олади.
4. Во оладениот компир додајте го млекото и изметените јајца со вилушка па промешајте да се соединат.
5. На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте повторно да се соединат.
6. Смесата истурете ја во калап бр 30,32 или 33 претходно намрсен со зејтин
7. Ставте ја да се пече во претходно загреана рерна на 220С додека да добие златно кафеава боја.
8. Откако ќе се испечи оставте ја да се олади па исечете ја на коцки. Добар апетит..
За овој рецепт ви препорачувам да ја користете делимано тава за пица бр 33.