Испечати

Чоколадна торта со кафе фростинг

Чоколадна торта со кафе фростинг

Состојки

  • 200 г чоколадо
  • 200 г путер или маргарин
  • 3 јајца
  • 200 г шеќер
  • 180 г брашно
  • Фростинг
  • 100 г крем сирење
  • 60 г путер или маргарин
  • 20 г какао
  • 180 г шеќер во прав
  • 1 лажица ванила шеќер
  • 2 лажици кафе во течност или сок од портокал

Подготовка

Чоколадна торта со кафе фростинг, може да се замени кафето со сок од портокал.

1. Рерната вклучете ја на 175 степени

2. На калап на кој што се вади крајот се става масна хартија и се мачка со путер по страните.

3. Путерот се топи во тенџере и се крши чоколадото да се стопи заедно со путерот. Се меша убаво и се остава да се олади малце.

4. Јајцата и шеќерот се бијат убаво. Се додава брашното и смесата со чоколадото. Се меша се убаво и се истура во калапот.

5. Се пече подолу во рерната 20 мин. Ќе биде како жива внатре и така треба да биди.

6. Кога е готово се остава да се олади пред да се вади крајот. Ова торта можете слободно да ја направите 2 дена пред да се сервира. Колку повеќе стои повкусна е. Се чува во фрижидер.

7. Истот ден пред да се сервира се шприца со фростинг и се декорира. Тортата се сервира со неутрал слатка павлака.

Фростинг

Се меша се со миксер да дојде кремасто и се шприца.