Киш со тиквички и сецкана пиперка
Состојки
- 1 поголема тиквичка
- 4 јајца за похување
- 100гр. презла(лебни трошки)
- сол и мешан зачин
- Фил
- 3 јајца
- 3 лажици урда
- 200мл. кисела павлака
- 1/2 лажичка црвен пипер
- 1 сецкана пиперка
- 1/2 прашак за пециво
- 2 лажици брашно
- сецкано лукче и малку магданос
Подготовка
За љубителите на тиквички еве од мене убав превкусен киш.
Подготовка.
1. Започнуваме со похување на тиквичките кои предходно ни се исечени на кругови. Во посебен тањир скршете ги јајцата во друг тањир ставете ги јајцата додека во трет тањир брашното во кое ќе му додадете сол и мешан зачин.
Секоја тиквичка провалкајте во брашно па во јајце на крај во презла убаво распоредете ги во тавчето за тарт и печете на 200степени петнаесет минути.
2.Во меѓувреме подгответе го филот јајцата скршете ги додадете к.павлака,урда,сецканата пиперка,пецивото и брашното промешајте.Смесата сипете ја врз запечените тиквички.Одозгора наредете уште еден ред похувани тиквички,кишот печете го уште половина час на 200степени додека не добие убава златна боја.Послужете со сецкано лукче,магданос и кисело млеко.
Добар апетит!!!