Брз едноставен сладолед
Состојки
- 1л. слатка павлака
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 150гр. мелени бисквити
- 5-6 шери бомбончиња
- 100гр. млечна чоколада
- 200гр. подпечени мелени оревчиња
- слатко од зелени смокви
Подготовка
Крамаст, сочен и супер освежителен...
Состојките како што се слаткото од смокви, шери бомбоните или бисквитите се моја идеа вие може да си додадете што сакате како на пр. јагоди, праски, лешници, кикирики...
Започнуваме со матење на слатката павлака во други две пластични сада за матење ги оделуваме белките од жолчките и нив ги матиме. На жолчките им додаваме 3 лажици шеќер матиме додека не добиеме густ крем, белките ги матиме со 3 лажици и нив ги матиме. Сите три крема слатката павлака, матените белки и жолчки ги соединуваме сладоледот го делиме на неколку дела во посебни здели за сладолед и во секој посебно додаваме мелени бисквити со чоколадните шери бомбони, во другата здела со сладолед го мешаме слаткото од зрели смокви, во третиот дел потпечените мелени ореви и млечното чоколадо. Сладоледите ги замрзнуваме и по неколку часа почнуваме со дегустација. Знам дека имате проблем со конзумација на живи јајца јас за ваков сладолед користев проверени домашни јајца. Блажината одредете си ја сами може да си додадете или одземете шеќер или засладете со неколку лажици мед.
Добар апетит и уживајте!!!