Слатки бриош кифли
Состојки
- 500-550гр бело брашно
- 20гр свеж квасец
- 1 јајце
- 250мл млако млеко
- 50мл јогурт
- 80гр шеќер
- 1 ванила
- 100гр омекнат путер
- прстофат сол
- 1 јајце за премачкување
- 150гр нутела за полнење
- 100гр брусница
Подготовка
Многу убаво тесто за работа и многу вкусни бриош кифли.
Прво во млакото млеко се ставаат квасецот, малку шеќер и малку брашно, да втаса квасецот.
Потоа во вангличката се додаваат постепено јогуртот, јајцето, останатиот шеќер, сол, ванила, брашното и постепено се додава омекнатиот путер.
Се меси тестото и пак се додава од путерот.( значи не се става одеднаш)
Убаво се измесува тестото треба да биде понамеко замесено и се остава во вангличка да кисни околу 1-2 часа. Нека биде покриено со чиста најлонска фолија за да не се суши.
Потоа тестото се дели на 30 топчиња.
Од секое топче се сучи правоаголна мала кора, краевите и се засекуваат од едната страна а од другата страна се става нутела или џем по желба.Јас на еден дел од тестото ставав брусница.
Се виткаат кифли и нека киснат 30 минути.
Се премачкуваат со изматено јајце и се печат на 180 степени околу 20-25 минути.
Одличен појадок со чаша млеко, какао, чај...