Поховани стапчиња од моцарела
Состојки
- по потреба моцарела
- по потреба презла
- по потреба брашно
- по потреба јајца
- по потреба сол
- по потреба мешан сув зачин
- по потреба лук во прав
- по потреба сув босилек
- по потреба масло за пржење
Подготовка
Количината на намирници сами одредете ја, зависи од колку моцарела стапчиња ќе пржите.
Се мати јајцето со мешаниот сув зачин, брашното се посолува, во презлата се додава лук во прав и сув босилек. Парчињата моцарела прво се ставаат во вода, па во брашното, па во јајцето на крај во презлата и се пржат на масло. Брзи вкусни и екстра крцкави.