Испечати

Ишлери

Ишлери

Состојки

  • За тесто
  • 500 гр брашно
  • 200 гр маргарин коцка
  • 100 мл млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажици какао
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 прашок за пециво
  • За премачкување
  • 500 гр чоколаден крем
  • За глазура
  • 150 гр чоколадо за кување
  • 3 лажици зејтин

Подготовка

Во еден сад ставте го маргаринот и со миксер матете додека да омекне. Откако ќе омекне додајте ги јајцата, шеќерот во прав, млекото и какаото. Матете на најмала брзина додека да се соедини. Потоа додајте го прашокот за пециво и брашното замесете тесто со рака. Тестото поделете го на два дела. На работната маса посипете брашно и ставте еден дел. Расукајте тенка кора како на сликата (1) и со калап сечете форми по желба. Постапката пофторете ја и со другиот дел.
Срценцата ставте ги на плех претходно намрсен со маргарин коцка и печете на загреана рерна од 250-300С ,10-15 мин. Оставте срценцата да се оладат. Откако ќе се оладат земете едно срце премачкајте го со чоколаден крем и преклопете со друго срце. Постапката повторете ја со сите срценца. На крај растопете го чоколадото со 3-те лажици зејтин на тивок оган и секое срце ставете го до половина во чоколадото и оставте да се здрви. Добар Апетит....