Испечати

Бабура мафини

Бабура мафини

Состојки

  • тесто за мафини
  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 1 рамна лажичка хималајска сол
  • 10 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • 1/4 лажичка куркума
  • чашата е од јогурт = 180 гр.
  • 6 бабури (помали)
  • 2 црвени пиперки
  • за посолување
  • малку афион и сусам
  • путер за намастување на калапот за мафини

Подготовка

Идејата за да ги направам овие мафини од пиперки ми дојде спонтано. Да имаше црвени наместо зелени, мислам дека бабура мафините ќе беа уште подекоративни.

1. Пенесто се матат јајцата со солта, се додава јогуртот, маслото, куркумата и брашното (просеано и помешано со пецивото).

2. Бабурите ги одбрав со големина на калапот за мафини (пречник 6 см.), истите се мијат, се сечат попречно на половина, се чистат од жилите, дршките и семето и се ставаат во калапот чии дупки се намастени со путер.

3. Бабурите се полнат со смесата за мафини, но не се преполнуваат.
Црвените пиперки се сечат на кругови и се одбираат помали парчиња кои се ставаат внатре во бабурите. Во внатрешниот дел од црвените пиперки се посолува со сусам, а другиот дел со афион.

4. Се печи 20 минути на 190 степени и уште 20 минути на 170 степени.
Од оваа количина на тесто, јас направив 12 бабура мафини и 6 обични.

Се служат и како топло и како ладно предјадење и во двата случаи се вкусен и декоративен прилог.
Може да се додадат и други состојки - маслинки, кисели морковчиња или крставички, пармезан ...
Се надевам дека оваа моја идеја ќе ви се допадне!