Пилешки стек во сос
Состојки
- 500 гр. стек
- 2 лажици брашно
- 150 гр. топено сирење (зденка)
- 1 тиквичка
- 1 поголем морков
- малку лук
- 200 мл. бело вино
- 100 мл. павлака за готвење
- за пржење масло
- за овкусување бибер, сув зеленчук, копар
Подготовка
Припрема
- Се сецка стекот на коцки, се овкусува на сол (доколку не е саламурен) и бибер, се валка во брашното, се става на масло или путер да се пржи. Испржен се вади на чинија. Во тавката се стават исецканите тиквички и морков да се пржат, се додава малку лукче, откако се испржени се додава виното кое е потребно само да се редуцира по што се додават павлаката и топеното сирење, веднаш и испржениот стек вратете го во тавката. Се меша цело време додека се стопи сирењето и целото тоа се спои. Овкусете со сув зеленчук, бибер, копар...
Внимавајте при овкусувањето со сол бидејки веќе топеното сирење е солено, во секој случај пробајте и доовкусете со сол или сув зеленчук.
Може да биде самостојно јадење или да послужи како прилог за пире или ориз.