Палачинки од тиквички
Состојки
- 750 -800 гр. тиквички
- 3 јајца
- 2 лажици сув зеленчук
- 10 лажици брашно
- 1 пециво
- 100 гр. тврдо сирење
- на вкус ситно сецкано луто пиперле, лук, магданос, бибер
Подготовка
Лесно, вкусно... а ако сакате да ги поинаку послужите од вообичаено, многу се и ефектни.
- Изрендајте ги тиквичките без да ги лупите, посолете малку и оставете да одстојат околу 15 мин,
- Изрендајте го сирењето
- Брашното и пецивото измешајте ги
- Насецкајте ги ситно лутото пиперче, лукот и магданосот
- Истискајте ги тиквичките од сокот кој го пуштиле, ставете во садот во кој ќе ги измешате сите состојки. Додадете ги јајцата и со вилушка или лажица - измешајте. Додадете ги сите останати состојки - измешајте да се спојат исте состојки.
- Во тавка во која ќе ги печете палачинките ставете малку зејтин да се загрее, земајте со црпалка од смесата, ставете над загреаниот зејтин и печете од двете страни како секоја палачинка што се пече. Така се додека ја потрошите целата смеса.
Совет
- Внимавајте при осолувањето бидејки тоа зависи и од самото сирење кое треба да биде превриено и сирење што не се топи.
- Колку големи ќе бидат палачинките зависи од тавчето кое ќе го користите.
- Потрудете се да ставате еднаква количина од смесата за да ви бидат сите палачинки исти.
- Послужете ги така како самостојно или пак филувајте како што јас тоа го направив. Со што ќе ги филувате вие сами одлучете, а јас ги филував со фил од кисела павлака во која изрендав кашкавал, сирење, додадов малку на ситната страна изрендан лук, осолив на вкус. Пресекот е фантастичен - но за жал немам фотографија. Сакам да кажам дека како ќе ги послужите тоа е ваш сопствен избор.
Јас ги сатавав оформените палачинки според големината на модличките, филував три палачинки и тоа е тоа....