Омлет торта со тиквички и пиперки
Состојки
- 1 поголема тиквичка
- 2 чешниња лук
- 1 помал кромид
- 5 печени црвени пиперки
- 10 јајца
- 100 мл млеко
- 250 гр бело сирење
- 200 гр крем сирење
- 3 лажици цврсто кисело млеко или павлака
- 10на ливчиња свеж босилек
- сол и црн бибер
- маслиново масло
Подготовка
На 50на мл маслиново масло запржете ги тиквичките кои предходно сте ги исечкале на ситни коцкички. Заедно со нив пропржете го и лукот, ситно исечкан. Ставете ги на страна да се ладат.
Посебно, на иста количина масло, испржете го кромидот исечкан на полумесечинки и откако ќе омекни, додадете ги пиперките, исечкани или искинати по должина од околу 3см. И нив ставете ги на страна да се ладат.
Во секој сад скршете по 5 јајца и додадете по 50 мл млеко. Посолете и побиберете по вкус и убаво разматете ги со вилушка.
Од секоја смеса испржете по 3 омлети во помало тавче. За секој омлет користете одприлика по 2 лажици маслиново масло.
Додека омлетите се ладат, спремете го филот.
Издробете го сирењето со вилушка, па убаво измешајте го со крем сирењето. На крај вмешајте го и киселото млеко. Босилекот ситно исецкајте го и додадете го во филот.
Филовајте ги наизменично по состав омлетите, при што ќе ставате одприлика по 3 лажици фил врз секој. Најгорниот слој не се премачкува.
Оставете ја омлет тортата во фрижидер убаво да се стегни пред да ја послужите.