Испечати

Сарма од лозов лист

Сарма од лозов лист

Состојки

  • 45 лозови листови
  • врела вода (за попарување на листовите)
  • 1 чаша ориз
  • 1/2 кг мелено мисиркино месо
  • 1 мала главица кромид

Подготовка

Многу брзо, лесно за потготовка, а вкусно јадење.
Најпрво листовите се обаруваат во врела вода околу 15 мин. Потоа се цедат од водата. На масло се запржува ситно сецканиот кромид, па се додава месото и се пржи. Потоа се додава и оризот, зачините и пржиме уште 15 мин.
Потоа земаме лозов лист ставаме од филот по една мала лажичка и виткаме како сарма. Сармичките ги редиме во тава бр.26 и тураме вода до пола на сармите. Ги ставаме да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени, околу еден час. Кој сака може да направи и запршка, но јас ги подготвив без запршка и беа многу вкусни.