Ручек од колбаси, бифтек и млад компир
Состојки
- 300гр пушен колбас со сецкано месо
- 400гр свински бифтек
- 400гр млад ситен компир
- маслиново масло, хималајска сол, триена сол, зачин, буковец...
Подготовка
Едноставен вкусен ручек.
Прво младото компирче се лупи, се мие и се вари во вода 3-4 минути. Потоа се процедува.
На загреано масло се пропржува свинскиот бифтек.
Пред крај се додаваат парчињата колбас и исцедените компирчиња.
Сето се става во тава, се зачинува и се пржи 5-8 минути за да се спојат вкусовите.
Прилог било која сезонска салата.