Ружи мафини
Состојки
- 3 јајца
- 220 г шеќер
- 1 лажичка ванила шеќер
- 100 г путер или маргарин
- 1 дл млеко
- 210 г брашно
- 2 лажички пециво
- прстофат сол
- сок и лушпа од 1 лимон
- Фростинг
- 50 г путер или маргарин собна темп
- 300 г шеќер во прав
- 1 лажичка ванила шеќер
- 1 лажица сок од лимон
- 100 г крем сирење.
- Неколку капки црвена прехрамбена боја
Подготовка
Мафините ги правев за ќерка ми за летниот распуст. Интересни се многу.
1. Се бијат јајцата, шекерот и ванила шеќер.
2. Путерот се топи, се додава млекото и се истура во јајцата. Се меша убаво.
3. Се додава се друго и се меша полека.
4. Во калап за мафини се ставаат корпиња и се полнат корпинјата 2/3 од смесата.
5. Се печат во загреана рерна на 175 степени 15 мин.
Фростинг
1. Се става се во сад и се меша убаво со миксер да дојде кремасто.
2. Се поделува во 2 чинии, се става бојата и пак се меша со миксер.
Во корпа или убава чинија се става сунѓер за цвеќе и се редат мафините со чепкалики. Кога се е готово наредени се шприца фростинг на мафините да изгледа како ружа. Јас направив и бели и розеви ружи. Се става меѓу мафините салфетки зелени или некоја слаба хартија за да изгледа како листови.