Штрудла
Состојки
- 400 гр брашно
- 250 мл млеко
- 2 јајца
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици маргарин
- 1 квасец
- 200 гр мармалад
- 100 гр чоколада за готвење
- 1 кесичка цимет
Подготовка
Млекото го заграваме на оган, па потоа во млекото го додаваме маргаринот. Го додаваме млекото со маргарин, во садот каде претходно сме ги помешале брашното, јајцата и раздробениот квасец, па започнуваме со месење. Откако ке биде готово тестото формираме топка, ја премачкуваме со масло и оставаме околу 30-на минути да стаса.
Е сега филот може да биде само со мармалад или со чоколада, кој се прави на следниот начин - ја топеме чоколадата, додаваме малку цимет, малку маргарин.
Од стасаното тесто разлекуваме со сукало кора, на едната страна од кората нанесуваме фил по желба, а другиот крај го премачкуваме со изматено јајце и виткаме ролат. Од горе ролатот го премачкуваме со јајце, па наросуваме со следнава мешавина - 3 лажици шеќер во прав, 3 лажици брашно и 3 лажици маргарин. Ја оставаме штудлата да стаса уште 10-на минути и печеме во заграна рерна околу 30-на минути.