Испечати

Струфоли

Струфоли

Состојки

  • 4 јајца
  • 2 и пол шоли брашно
  • 2 лажици путер
  • 3/4 шола шеќер
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 лажица рум или друг алкохол (виски не) за да не прима многу масло
  • за прелив
  • 1 шола мед
  • плус

Подготовка

Италијански десерт кој традиционално се спрема за Божиќ. Прекрасни мини крофнички потопени во прелив од мед, се топат во уста ги сакаат и возрасните и децата.

Путерот се топи на тивко и се остава да се излади. Јајцата се матат со маталка, се додава путерот, шеќерот, ванилата ренданите кори од лимон и портокал и на крај брашното измешано со пецивото. Се меси мазно тесто и се остава да стои 20-30мин. Потоа се дели на 4 дела. Од секој дел се сучи врвка со дебелина колку прст, со нож се сечат мали парчиња од кои се оформуваат топчиња, се прпелкаат во брашно и се тргаат настрана.
Се става маслото на оган да се загрее. Откако ќе се загрее се намалува шпоретот на потивко и се ставаат топчињата да се пржат додека не поруменат. Испржените струфоли се ставаат на хартиени салфетки. Медот заедно со сокот од портокал се загреваат и во нив се додаваат струфолите, се мешааат со лажица убаво да впијат од преливот.
Шољата е 240мл.