Колач со афион и цреши
Состојки
- за тесто
- 360 гр, овошен јогурт од јагода
- 10 лажици шеќер
- 5 лажици кафеав шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 120 мл. млеко
- 10 лажици гриз
- 9 лажици брашно
- 1 пециво
- 90 мл. масло
- 5 лажици афион
- 300 гр. цреши (без коски), помешани со малку гриз
- фил
- 700 гр. цреши (без коски)
- 6 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 кесичка пудинг од јагода
- 2 лажици густин
- 3 лажици кафеав шеќер (за пудингот)
- 500 мл. вода
Подготовка
Овој колач се прави без миксер, не содржи јајца, не е многу комплициран за правење, сочен и вкусен.
1. Црешите се мијат, се чистат коските, се цедат.
2. Овошниот јогурт се меша со лажица со обичниот, кафеавиот и ванилиниот шеќер додека да се стопи малку, па после се додаваат млекото, маслото, афионот и на крај црешите (кои стоеја посипани со малку гриз).
3. Тестото се тура во намастен и набрашнет правоаголен длабок плех (20х40 см),
се печи на 180 степени 30-35 минути, во зависност од ререната.
4. Додека се лади тестото, се мијат и чистат 700 гр. цреши, се ставаат во тенџере со шеќерот, ванилата и 100 мл. вода, се варат неколку минути и се додава останатата (400 мл.) вода.
Црешите се варат малку додека да омекнат, но да не се преварат, а потоа со лажица решетка се вадат од теџерето и се распоредуваат врз изладеното тесто.
5. Пудингот, густинот и шеќерот се мешаат со малку вода и се вари пудинг во течноста во која се вареа црешите (течноста беше околу 600 мл.)
Пудингот се распоредува брзо врз црешите, се израмнува убаво и се остава да се излади. Колачот се става во фрижидер, се сечат коцки кои се служат изладени.
Овошниот јогурт во комбинација со црешите дава убав вкус, го прави колачот освежителен и сочен. Колачот може да се прави и со јагоди.
На здравје!