Замок торта
Состојки
- 20 јајца
- 600гр шеќер
- 200гр мелени ореви
- 200гр мелени лешници
- 8 лажици презла
- 8 лажици презла
- 4 пецива
- фил
- 2л млеко
- 350гр шеќер
- 10 жолчки
- 4 кесички пудинг од ванила
- 4 лажици густин
- 200гр бело чоколадо за готвење
- 350гр маргарин
- 350гр шеќер во прав
- декорација
- 8 корнети
- 200гр кокос
- 1 лажичка боја розе за колачи
- 250гр прашок за шлаг
Подготовка
1 и 3 тесто
5 белки се матат додека се добие цврст снег. Се додава 150гр шеќер и се мати повторно. Со лажица се додаваат 50гр мелени лешници, 2лажици презла и 2 лажици брашно помешани со пециво. Убаво се соединуваат состојките и се пече кора на хартија во плех околу 40 минути на 170 степени.
2 и 4 тесто
Се прави истата постапка само наместо лешници се додаваат по 50гр мелени ореви.
Фил
1,5л млеко се стаа да врие заедно со шеќерот. Во преостанатите 500мл се раствора пудингот и нишестето и се меша убаво. Кон смесата се додаваат изматени 10 жолчки и целата смеса се соединува со зовриеното млеко. Се вари густ крем и се остава да се излади. Се додава и чоколадата искршена на коцки и убаво се меша во кремот додека се растопи.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се соединува со оладениот крем.
Се реди тортата-прво се става кора со ореви па фил. 2кора со лешници па фил и 3 кора со ореви па фил. Последната кора се сече на 4 дела и се крои вториот спрат. Корите се филуваат и се става врз првиот дел. Се премачкува целата торта со шлаг.
За декорација јас користев кокос во боја-се става кокосот во најлонска кеса и во него се истура растворена боја(пола финџал).Убаво се меша во кесата и се истура на чинија да се исуши. Корнетите се премачкуваат со многу мал слој од филот и се валкаат во кокосот. Дополнителната декорација по свој вкус.
Тортата е доста голема и вкусна, а правена е за Јустина Владислава Кипревска.