Испечати

Вртени венчиња со сирење и мармалад

Вртени венчиња со сирење и мармалад

Состојки

  • 2/3 коцка квасец
  • 1/2 литар топло млеко
  • 3 жолчки
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици сол
  • 3 филџанчиња од малите за турко кафе масло
  • по потреба брашно (околу 1 кг)
  • 200 гр меко сирење или изварка
  • малку црвен пипер и оригано
  • неколку лажици густ мармалад или џем

Подготовка

Активирајте го квасецот во дел од топлото млеко со малку брашно и шеќер. Во вангла разбијте ги жолчките со солта, шеќерот и маслото. Додадете го нараснатиот квасец и топлото млеко. На крај, додавајте брашно и замесете меко тесто. Покријте го со пацета и оставете го да нарасни.
Нараснатото тесто, премесете го и поделете го на 2 дела. Првиот дел развлечете го во правоаголник и премачкајте го со сирењето, кое потоа ќе го посипите со црвениот пипер и оригано. Преклопете го на 3 пати, па потоа растенчете го внимателно со оклагијата повторно во правоаголна форма.
Сечете траки со ширина од околу 1 см од покусата страна. Секоја трака на едниот крај држете ја со прстите а со другата рака виткајте во спирала. Спојте ги краевите во круг како ѓеврече.
Вртените пецива, ставајте ги во плех обложен со пек-хартија и оставете ги покриени оште 15-20 минути да нараснат, па премачкајте ги со белка. Печете ги во загреана рерна од 200С. Испечени, потоа покријте ги со пацета да подоладат, па потоа вадете ги од плехот.
Истата постапка направете ја и со второто тесто, но за фил, премачкајте го со густ џем или мармалад. Јас употребив слатко од зелени смокви, кои предходно ги сомелив.