Кростата со фил од цреши (посно)
Состојки
- За тесто
- 150 гр маргарин на собна температура
- 300 гр брашно
- 140 гр шеќер
- 1 ванилен шеќер
- рендана кора од лимон
- 1 лажиче прашак за пециво
- 5-6 лажици вода
- За фил
- 500 гр цреши
- 4 лажици шеќер
- За декорација
- по потреба боровинки
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Подготовка на тестото
Во сад за матење ставете ги сите состојки за тесто и со мешалките за месење изматете ги додека се добие изедначено, средно меко тесто. Потоа префрлете го на набрашнета површина, размесете го, соберете го во топка и завиткајте го во најлонска фолија. Оставете го во фрижидер околу 1 час.
Додека тестото стои во фрижидер подгответе го филот.
На црешите извадете ги им ги семките. Ставете ги во тенџере и со шеќерот ставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат нека варат околу 10-15 мин со повремено мешање за да не загорат додека течноста штоја пуштаат не испари и остане сосема малку течност. Оставете ги да оладат.
Тава за тарт (бр.28) намачкајте ја со малку масло и посипете ја со брашно.
Се зема тестото. Околу 1/4 од тестото на набрашнета површина расучете го во кора малку поголема од тавата. Ставете ја во калапот и убаво порамнете ги ѕидовите, а дното избоцкајте го со вилушка за да не крева во печењето.
Рамномерно распоредете ги црешите. Одозгора со останатото тесто направете украси со цвет-калапче и наредете ги над црешите. Во секое дупче од цветчината ставете по една боровинка и околу на неколку места од кростата.
Овој завршен дел од декорацијата го изведе мојата ќерка -))
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути, да добие кремаста боја.
Печената кростата оставете ја да олади, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.