Испечати

Големи кифли со сусамово масло и лен

Големи кифли со сусамово масло и лен

Состојки

  • 1 лажиче сув квасец
  • 4 лажици сусамово масло
  • 125мл млеко
  • 125мл кисела вода
  • 100гр хељдино брашно
  • 350гр тип 500 брашно
  • 1 помало јајце
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 30гр лен
  • 30гр маргарин, путер или маст, оригано по вкус
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

Убави големи кифли.
Прво во млакото млеко се става квасецот, шеќерот и малку брашно да се активира.
Потоа постепено се додаваат течните, па сувите состојки.
Се замесува средно тесто.
По потреба се додава уште 30-50гр брашно.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа тестото се дели на 2 дела.
Се сучи од првиот дел голема правоаголна кора, се премачкува со малку маргарин, се посипува со лен и по вкус оригано и се витка во ролат.
Сега ролатот се сече по должина до крај.
Двете ленти се вкрстуваат, како плетенка.
Се сечат парчиња долги по 10 цм.
Се редат во плех.
Истата постапка се повторува и со останатиот дел од тестото.
Киснат 15 минути, се премачкуваат со изматено јајце и се печат околу 30 минути на 200 степени.