Посна паштета (без масло)
Состојки
- 125 гр ореви
- 125 гр лебни трошки
- 50 гр лупен сончоглед
- 200 мл вода
- 2 лажици сенф
- 2 лажици таан
- 4-5 лукчиња
- 1 лажица мешан сув зачин
- сол, бибер, сок од лимон по вкус
Подготовка
Ем посна, ем феноменално вкусна, ем без масло. Е таква е паштетава!
Оревите и сончогледот се мелат во машинка за мелење ореви или сечко.
Лукчето со малку сол и масло го толчиме во аван, до кремаста состојба.
Сите состојки ги промешуваме и ги попаруваме со зовриената вода.
Матиме со миксер или со рачна маталка за да се соедини смесата.
Пријатен апетит!
Забелешка
Додавајте ја постепено водата, за да ја добиете посакуваната густина. За оваа доза на суви состојки мене ми беше потребна веќе напишаната количина на вода. Калкулирајте со зачините за да го добиете вкусот по желба.
Излегува околу 500 гр паштета.