Испечати

Не печена торта со пишкоти и пудинг

Не печена торта со пишкоти и пудинг

Состојки

  • 40 пишкоти
  • 30 бисквити
  • 1 литар млеко
  • 3 пудинзи од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 1 маргарин ( 250 гр )
  • 10 крем бананчиња
  • 200 гр црно чоколадо
  • 300 мл млеко
  • 1 пакетче кафе 3 во 1

Подготовка

1. 800 мл млеко го ставаме во сад на оган да зоврие.
2. 200 мл млеко ги ставаме во еден сад. Ги додаваме пудинзите и шеќерот. Mешаме додека не се растворат шеќерот и пудингот. Го додаваме во млекото на оган. Откако ќе се свари пудингот го покриваме со најлонска фолија и го оставаме да се излади.
3. Маргаринот го биеме. Лажица по лажица го додаваме сварениот пудинг и биеме додека да добиеме хомогена смеса.
4. Филот го делиме на 3 дела. Крем бананчињата ги сецкаме. Чоколадото го топиме на пареа.
5. Во едниот дел ги додаваме бананчињата, во вториот стопеното чоколадо, а третиот останува жолт.
6. 300 мл млеко го ставаме на оган малку да се стопли, во него го раствораме кафето.
7. Пишкотите кратко ги потпуваме во млекото. Ги редиме во табла, во два реда по 10 пишкоти. Врз нив го нанесуваме филот со бананчињата. Бисквитите кратко ги потопуваме во млекото и ги редиме врз филот. Потоа го ставаме кафеавиот фил, повторно редиме пишкоти и на крај го ставаме жолтиот фил. Тортата ја ставаме во фрижидер да се стегне.
8. Откако ќе се стегне украсуваме со шлаг.
*бројот на бисквити не е напишан точно, затоа што кога ја правев тортата не ги изброив, но бројот на пишкоти е точен па според него ќе се водите за големината на тортата