Испечати

Веганско крем сирење

Веганско крем сирење

Состојки

  • 100гр. непечени бадеми
  • 1 цеден лимон
  • 1/2 кафено лажиче сол
  • 1/3 кафено лажиче јаболков оцет
  • -/+150мл. вода
  • 1 гранче свеж копар
  • 1/2 лажичка сушен копар

Подготовка

Како обележие на моето едногодишно патешествие како веган, го смислив и направив овој прекрасен рецепт за крем сирење, без додавање на масло, без животиснки масти и што е најважно за повеќето припаднички на понежниот пол- НЕ ДЕБЕЛЕЕ!
Епа вака драги мои,
Најпрво бадемите се потопуваат во вода и се оставаат да омекнат 2-3 часа, по можност 4.
Откако ќе омекнат се ставаат во зовриена вода во тенџере и на јак оган се “проваруваат“ едно 5-6 минути. Потоа исцедете ги, поминете ги со ладна вода и сега можат лесно да се излупат и се складираат во еден сад. За овој рецеп потребен ви е блендер. Во блендерот истурете ги сите набројани состојки со тоа што водата постепено се додава (не веднаш целата, ако има потреба од уште вода, слободно додадете). Блендајте додека не се соединат состојките. По блендањето исцедете ја смесата до слична густина како крем сирење (ако е премногу суво додадете од исцедокот и промешајте)
Исцедокот го нарекувам ВЕГАНСКИ ЈОГУРТ/АЈРАН бидејќи има вкус на јогурт, но е течен како ајран.
Се надевам дека ќе ви се допадне овој ЗЕЛЕН РЕЦЕПТ!