Испечати

Клафути со цреши

Клафути со цреши

Состојки

  • 400 гр. цреши
  • 3 јајца
  • 150 гр. брашно
  • 200 мл. млеко
  • 150 гр. путер
  • 120 гр. шеќер
  • 1 ванила
  • прстовет сол
  • според потребата шеќер во прав за посипување

Подготовка

Кога ке се спомене Клафути секогаш се помислува на Франција и нормално - цреши. Но Клафути навистина може да се спрема со било кое овошје, праски, сливи модри, кајсии, смокви (феноменален е). Клафути се спрема на најразлични начини - ова е еден од нив. Сега е сезоната на овошје така да не е на одмет да се има и вакви рецепти.
Припрема
- Сматете ги јајцата со вилушка или жица за матење, додадете го брашното и матете (бркајте) додека се целото тоа изедначи во една хомогена, без грутчиња од брашното, смеса. Додадете го стопениот и оладен путер, повторно матете со жицата, додадете го млекото и на крај шеќерот и ванилата. Ќе добиете ретка смеса.
- Во подмачканата со путер модла наредете ги исчистените цреши, врз нив истурете ја приготвената смеса. Ставете да се пече на 200 степени околу 10 мин, а потоа намалете на 170 и нека се пече уште околу 20 мин. Проверете дали е готов. Со нож брцнете во колачот, ако излезе сув - готово и испечено е.
- Извадете и нека олади, посипете со прав шеќер... уживајте. Уште поголема вкусотија е ако го гарнирате со сладолет.
Напомена
Овој рецепт е на браќата Michel i Albert Roux .
- Во самата смеса можете да додадете доколку имате Кирш или ликер од цреши - вишни.
- Во самиот рецепт се вели да откако е испечен да се стави одозгора по малку исечен на коцки путер, но јас овој дел го изоставувам бидејки овака како што го напишав некако повеќе ми се бендисува.
- На темата Клафути има многу да се пишува.