Испечати

Свечена погача

Свечена погача

Состојки

  • 700 гр брашно
  • 2 јајца
  • 1 свеж квасец
  • 100 мл масло
  • околу 400 мл млако млеко
  • 2 лажички сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 125 гр маргарин
  • малку сусам за посипување

Подготовка

Морам да кажам дека ова е храбра погача, некако се испече дури и кога на периоди немавме струја. Иако е свечена не мора да ја правите само за свечени прилики. Јас ја направив во сосема обичен ден и убаво и се насладивме.

1. Ставете го брашното во длабок сад, па додадете ги јајцето и една белка (жолчката оставете ја за премачкување одозгора), маслото, солта, шеќерот, изронатиот квасец и со млекото замесете средно меко тесто. Оставете го тестото да одмори 30 минути.

2. Кога е стасано тестото, размесете го и поделете го на три дела, така што едниот дел да биди помал од другите два. Помалиот дел поделете го на два дела и расукајте ги. На едната расукана коричка изронете третина од подготвениот маргарин, поклопете со другата коричка и премесете го. Направете го во топка и ставете го во средината на тавата бр 28, претходно премачкана со маргарин.
Преостанатиот маргарин растопете го на умерен оган.

3. Другиот дел од тестото расучете го, премачкајте го со растопен маргарин, па пресечете го на половина, па на ленти. Виткајте ролати и редете ги покрај во тавата (еден право, еден напречно).

4. Третиот дел расукајте го, премачкајте го со растопен маргарин, па исечете го вишокот тесто, да добиете правоаголник, па сечете ленти. Виткајте ролати и редете ги во слободниот простор исправени како ружички. Од остатокот тесто направете мали топчиња и редете ги помеѓу ружичките.

5. Целата погача премачкајте ја со растопен маргарин и со жолчка, посипете сусам и оставете да стаса 30 минути. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Пријатно јадење !!!