Испечати

Проја мафинчиња

Проја мафинчиња

Состојки

  • 4 јајца
  • малку сол
  • 100мл. масло
  • 250мл. јогурт
  • 125мл. минерална вода
  • 15 лажици просеано бело брашно
  • 15 лажици пченкарно брашно
  • 2 пецива
  • 150гр. рендана салама
  • 150гр. рендано сирење
  • *Може да се додади и сецкани маслинки и малку кечап.

Подготовка

Најпрво се матат јајцата со солта.Потоа се додава маслото, се намалува брзината на миксерот па останатите состојки, додека саламата и сирењето остануваат последни и се вмешуваат со лажица.Јас додадов и кечап, имаат убава боја од него.Се добива густа смеса.
Се полнат 2/3 од силиконските форми за проички.
Се печат на 200 околу 25 мин.,(додека убаво поруменат) или зависно од вашата рерна...
На здравје!