Печени тиквички (посно)
Состојки
- Прв начин
- 2 средни тиквички
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1 лажичка куркума
- 1 лажичка лук во прав
- бибер по вкус
- Втор начин
- 1 средна тиквичка
- 5 лажици брашно
- 1 лажица куркума
- 1-2 лажици мешан сув зачин
- 1 лажичка бибер
- 4-5 лукчиња
- 1 лажица сенф
- 1 мала шоља вода
- 1/2 шоља масло
Подготовка
Подготовка на прв начин
Тиквичките ги лупиме и ги сечкаме да изгледаат како помфрит, со приближно такви димензии.
Сите суви состојки ги промешуваме и секое парче го валкаме во сувата смеса. Го ставаме на намрсено тавче и го печеме околу 20-25 минути, зависи од рерната ама и од вкусот.
Подготовка на втор начин
Тиквичките ги лупиме и ги сечкаме да изгледаат како помфрит, со приближно такви димензии. Сувите состојки ги промешуваме. Исчистеното лукче го толчиме со малку сол и масло, до кремаста структура. Сенфот, лукот и водата ги додаваме во сувата смеса и промешуваме. Секое парче тиквичка го валкаме во добиената влажна смеса и го редиме во тавче или на хартија за печење. Печеме на 200 степени околу 30-35 минути.
Забелешка
Тиквичките на првиот начин за мене се одлични.
Тиквичките на вториот начин, бидејќи прв пат пробувам вака, а не ставив масло кое што го пишав во состојки, а кое мислам дека недостасуваше, беа малку како со пластична структура, особено тој делот во кој беа валкани. Јас без масло ги правев, со тоа што само малку ги попрскав откако ги наредив во тавче. Затоа, иако беа вкусни, мој предлог е во смесата за валкање да ставите масло.