Испечати

Арапско лепче

Арапско лепче

Состојки

  • 50 г свеж квасец
  • 5 дл млака вода
  • 2 лажички сол
  • 750 г брашно
  • За мачкање
  • 1,5 дл вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка масло
  • 1 лажица брашно

Подготовка

1. Квасецот се меша со водата и да постои така 5 мин. Се додава сол и брашното и се меси убаво тесто. Тестото ќе се лепи и така треба да биди.

2. Се мачка тестото со масло во садот и се покрива со пластична фолија и да стаса 1 саат.

3. Во намрсен плех се става тестото и се дели на 2 дела. Секој дел се сплескува по малце и пак се покрива со фолија и да стаса уште 1 саат.

4. Дури стасува се прави течноста за мачкање. Се става се во тенџере и се вари на средна температура за да дојде како густ сос. Се трга настрана да олади.

5. На друг плех се става мрсна хартија поросена со брашно.

6. Се става едното лепче и се трга со раце да дојде долгунесто.

7. Се прават со прст длабоки лини и се мачка лепчето со пола од течноста за мачкање. Пак се прават лини со прст. Се поросува со сусам и ленено семе.

8. Исто така се прави со другото лепче.

9. Се пече во загреана рерна на 250 степени, на најдолното во рерната дури да добие убава боја.