Испечати

Солени еклерчиња

Солени еклерчиња

Состојки

  • За тесто
  • 3,5дл. вода
  • 1 дл. масло
  • прстофат сол
  • 200гр. брашно
  • 4 јајца
  • 1/2 пециво
  • Фил
  • по потреба и желба Вашата омилена салата-кај мене Руска

Подготовка

Вкусни...
Се става во тенџере на оган да зоврие водата со маслото и малку сол.
Штом зоврие се трга од оган и се додава брашното, енергично мешајки да се добие еднолична мазна смеса, без грутчиња.
Потоа се враќа на рингла и уште малку се готви со постојано мешање, додека се собери тестото во топка и на дното од тенџерето не се направи танка коричка.
Во подполно изладено тесто се додаваат јајцата едно по едно и на крај пецивото.
Со кафени лажичиња на хартија за печење се прават форми, кој малку со прсти (намаслени) ќе ги дотерате.
Ги печев 45 мин. и тоа на 220-10 мин., па намалив на 200-20мин., па на 180-15мин., во претходно загреана рерна, а вие си печите како што си печите.
Ладни се сечат на пола и полнат со Руската или со салата по ваш избор.
На здравје!