Испечати

Бел солен ролат

Бел солен ролат

Состојки

  • За кора
  • 8 белки
  • прстофат сол
  • 1 кафено лажиче алкохолен оцет
  • 8 супени лажици брашно
  • 1 пециво
  • 2 супени лажици мак
  • малку ким
  • За фил
  • 1 кисела павлака
  • 300гр. ситно рендан кашкавал
  • 2-3 супени лажици мајонез
  • по вкус мелен црн пипер
  • малку оригано
  • 5 варени, ситно рендани жолчки
  • 150гр. танко сечени кругови шунка

Подготовка

Ем личен, ем вкусен... )))

Белките се матат во цврст снег со солта. Се додава оцетот, се намалува брзината на најслабо и се додава просеаното брашното помешано со пецивото, макот и кимот.
Се излева на хартија која е ставена во плех со димензии 32 на 39цм.
Се печи околу 30 мин. на 180 или печите према вашата рерна, рерната се разбира претходно загреана.
Печената кора се става помеѓу две влажни кујнски крпи. Се остава да се излади.

За тоа време го подготвуваме филот.
Павлаката се меша со ренданиот кашкавал. На тоа се додава мајонезот, зачините, жолчките (белките не ги ставив, за да добијам што пожолт фил, исто и ориганото го изоставив, вие како ви е воља). Убаво се изедначува.

Изладената кора се премачкува со половина од филот, па се редат круговите шунка, па втората половина фил. Убаво стегнато се витка ролат. Ролатот се витка во фолија за свежо и се остава во фрижидер, убаво да се излади и стегни.
Потоа се украсува и сече.

Толку...На здравје!