Испечати

Зелник со фил од компири и кромид

Зелник со фил од компири и кромид

Состојки

  • Тесто
  • 800 гр. брашно
  • 1/2 пресен квасец (20 гр.)
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 400 мл. млака вода
  • 2 лажици масло
  • 3 јајца
  • Фил
  • 1,2 кг. компири (верени)
  • 3 главици кромид кокар
  • црн пипер, мешан сув зачин, масло
  • 100 гр. маргарин/путер

Подготовка

Најпрвин да споменам дека рецептот за зелникот е ,,Мрзелив зелник“, на
eli4ka на која многу и се заблагодарувам за убавиот и лесен рецепт и затоа што сега почесто ќе правам зелник, зашто досега не си бев задоволна од правењето зелници во ниеден мој обид. Направив мали измени во тестото, а филот е по мој вкус.

1. Најпрвин се прави филот така што се варат компирите сосе лушпата (убаво измиени), а кромидот се сечка ситно и се запржува. Компирите се лупат и се сечкаат на ситни коцки и се додаваат во кромидот. Заедно се пржат уште малку додавајќи му го црниот пипер и мешаниот сув зачин. Се трга настрана и се лади.

2. Се замесуваат сите состојки одеднаш, брашното, солта, шеќерот, квасецот (издробен), јајцата, водата и на крај маслото. По потреба се додава брашно да се добие средно меко тесто.

3. Тестото се дели на 2 дела, еден поголем, другиот помал. Поголемиот дел се рассукува во круг, се премачкува убаво се маргарин/путер на собна температура, се сечи како цвет и се преклопуваат сите делови еден на друг, се остава во фрижидер. Потоа се обработува на ист начин и вториот помал дел.

4. Веднаш се зема поголемото тесто, се побрашнува и се рассукува во голема кора колку плехот од шпоретот, но кората да е поголема од плехот за витките.
Се става кората во намастениот плех и се распоредува готовиот фил.
Потоа исто така се обработува и помалата кора, се става врз филот и се прават витки.

5. Рерната се вклучува на 200 степени и тестото одмара додека таа да се загрее, потоа зелникот се мачка рамномерно со малку масло и се пече околу 30-35 минути. Се вади, се прска малку со вода и се покрива со крпа.
Филот може да биде по желба и вкус.
Уште еднаш ти БЛАГОДРАМ eli4ka!