Помфрит од печени тиквички
Состојки
- 1 тиквичка
- 1 изматено јајце
- по потреба лебни трошки (презла)
- половина лажичка лук во прав
- половина пажичка сол
- 25 гр путер
- малку маслиново масло
- по желба семиња по желба сусам, ленено семе....
Подготовка
Еве една многу добра идеја како да си направите помфрит од млади тиквички. Превкусни се, крцкави и што е најбитно се прават во рерна, што значи нема мрснотии и пржење. Мерките во рецептот се произволни, зависно од тоа колкава тиквичка ќе изберете.Ама мој совет ви е направете повеќе зошто за час ќе ги снема
1. Најпрво вклучете ја рерната на 180-200 степени да се загрева додека ги припремате тиквичките
2. Излупете ја тиквичката. Исечете ја на стапчиња со дебелина на прст и ставете ја во подлабок сад. Додајте сол и бибер по вкус. Оставете кратко да ги впие зачините
3. Во друг сад на страна изматете го јајцето. Додајте лук во прав, сол (ако сакате може и куркума и копар, зошто одлично се вклопува со вкусот на тиквички) Јас овој пат ставив само лук во прав и сол.
4. Во друг сад промешајте ги лебните трошки со сусам ( ленено семе, пченкарно брашно....)
5. Секое парченце тиквичка потопете го разматеното јајце со зачини и потоа извалкајте го во садот со презлата. Редете ги тиквичките во плех за печење. За да добиете крцкава коричка врз нив ставете неколку парченца путер и попрскајте малку маслиново масло
6. Печете додека не заруменат (кај мене тоа беше околу 20 мин)
Совет. За уште подобар вкус и како предлог за мезе направете и едно макало (сос) од павлака, копар и лук во прав. На уживањето ќе ви нема крај
Заминав јас зошто ни едно нема да ми остават...На здравје