Карамел-манчмелоу коцки со оризови снегулки
Состојки
- 250 гр карамели
- 1 лажица масло
- 80 гр маргарин
- 3 лажици млеко
- 100 гр пенести бомбони (marshmallows)
- 150 гр оризови снегулки (јас ставив помалку)
Подготовка
Во тенџере на оган ставете го маслото, карамелите, маргаринот и млекото да се растопат.
Исклучете ја ринглата и вмешајте ги пенестите бомбони.
Тргнете го садот од рингла и вмешајте ги оризовите снегулки.
Мешајте брзо и веднаш откако сте измешале, смесата пренесете ја во калап, тепсија или сл. со димензии 22х22 и израмнете ја. Доколку калапот не е силиконски, можи да го обложите со мрсна хартија.
Најбрзо по 1 час, исечете на коцки од околу 2 см и префрлете ги во хартиени корпиња.