Испечати

Мини лепчиња за мини сендвичи (посно)

Мини лепчиња за мини сендвичи (посно)

Состојки

  • За тесто
  • 350 гр брашно
  • 150 гр грахам брашно
  • 250-300 мл млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 5 лажички шеќер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 5 гр сув квасец (пола кесичка)
  • 40 мл масло за во тесто
  • 50 мл масло за премачкување

Подготовка

1. Го замесуваме тестото од сите состојки со млака вода, па го удираме од работната маса околу педесетина пати.

2. Го премачкуваме со масло и го оставаме да стаса, да се дуплира.

3. Потоа го размесуваме и кинеме парчиња кои ги формираме во топчиња.

4. Ги ставаме во намрсена тава и ги премачкуваме со масло. Ги оставаме 10-20 минути да стасаат (зависи колку е топло во просторијата).

5. Ги печеме на околу 220 степени додека да поцрвенат.

6. Откако ќе се испечат додека се топли, повторно ги мачкаме со масло со помош на силиконска четка.