Испечати

Фритули со гриз (посно)

Фритули со гриз (посно)

Состојки

  • 200-250 гр брашно
  • 150 гр гриз
  • 120 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќери
  • 1 пециво - 12 гр
  • кора од 1/2 лимон
  • кора од 1 портокал
  • 30 мл кисела вода
  • 2 лажици палмино масло или обично масло
  • 300 мл+100 мл вода
  • масло за пржење
  • кристал шеќер за валкање

Подготовка

На прагот на Петровденските пости еве предлог вкусен рецепт, да се заблажите во посните денови што следуваат.

Подготовка
1. Шеќерот со 100 мл вода се става на оган да проврие како шербет.
2. Во друг сад на оган го вариме гризот со 300 мл вода.
3. Во топлиот гриз го ставаме шербетот, путер, ванилин шеќер и наренданата кора од лимон и портокал, како и киселата вода. Убаво промешуваме и оставаме малку да олади.
4. Во полуоладената смеса го додаваме брашното во кое сме го измешале прашокот за пециво. Мешаме и внимаваме смесата да не стане тврда.
5. Обликуваме топчиња или пак со лажица ставаме од смесата во не многу загреано масло.
6. Ги пржиме фритулите, а потоа ги валкаме во кристал шеќер.

Забелешка
Потрошив околу 260 гр брашно. Немам пресек фотографирано, ама полни се внатре, не се шупливи.