Колач со боровинки
Состојки
- Чаша за мерење од 150 мл
- 4 јајца
- 2 чаши шеќер + 1 ванилен шеќер
- 1 чаша овошен јогурт од боровинки
- 1/3 чаша масло
- 3 чаши брашно
- 1 прашак за пециво
- 150 гр боровинки
Подготовка
Јајцата со шеќерот и ванилата изматете ги да постанат светли и да се зголеми волуменот. Потоа додајте ги маслото и јогуртот и со најмала брзина продолжите со матењето да се спојат со јајцата. На крај додајте го и брашното измешано со пецивото и изматите да се изедначи смесата.
Смесата истурете ја во тава (25х30)намачкана со путер и посипана со брашно. Одозгора наредете ги боровинките и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
Печениот колач оставете го да олади, потоа послужете го. По желба посипете го и со шеќер во прав.
Ова колаче е од редот на едноставни, секојдневни колачи погодни за ужинка со кафе или млеко.