Испечати

Печурки со горгонзола

Печурки со горгонзола

Состојки

  • 300 гр свежи печурки-шампињони
  • за полнење
  • 100 гр горгонзола
  • 50 гр рендан млечен кашкавал-ајдамер
  • 1 голема лажица пармезан
  • неколку свежи листови босилек
  • по потреба путер исецен на мали коцки
  • малку сол и бибер ( по вкус )

Подготовка

Пред некоја недела добив на подарок италијански кувар и парче убава горгонзола баш од Рим. Искрено секогаш сум имала предрасуди спрема овие сирења се додека не го пробав ова. Јадевме без здив додека снема во чиниите и заклучивме дека сите убави јадења се всушност многу едноставни. Подготовката за овие полнети печурки е следна

Најпрво вклучете ја рерната на масимална температура (250-300 степени)
1. На измиените печурки отсранете им ги рачките. Горните делови од печурките ставете ги во сад за печење.

2. Рачките исечкајте ги на ситни коцки. На загреана тава со малку путер ставете ги коцките-печурки малку да се пропржат додека не им испари водата. Додадете ја и горгонзолата и лажица пармезан. Почекајте филот убаво да се соедини и тргнете ја тавата од оган. Додадете малку свеж босилек, бибер и ако сакате малку сол. Со лажица ставете од филот во секоја печурка. Од горе нанесете рендан кашкавал-ајдамер и парченца путер.

3. Печете на максимална темература во загреана рерна 5-10 мин односно додека не заруменат печурките.

На здравје