Испечати

Сладок намаз од мед и сусам (сурово, посно)

Сладок намаз од мед и сусам (сурово, посно)

Состојки

  • 150 гр сусам
  • 3 лажици мед
  • 1/3 лажиче цимет
  • 1/2 лимон сок од лимон
  • 100 гр оревчиња или лешничиња

Подготовка

За разлика од солените намази, ќе ви го прикажам овој благ намаз,
Едноставен за изработка, вкусен за непцето, а здрав за целото тело.

Сусамот се изработува по желба.
За оние кои не сакаат во зрнеста форма, слободно можете да го изблендирате, така добро сомелено да стане еднолично.
Мојот блендер се расипа, па затоа јас си го подготвив полусецкан сусамот.
Додадете ги сите состојки во блендерот, значи циметот, оревите, медот и сокот од лимон.
Притиснете на копчето и веќе добивате преубав намаз.
Ако пак уште го користите лепчето полно семиња и ржан состав вие имате преубав доручек за вас. На здравје нека ви е.