Испечати

Лепчиња слични на бејглс

Лепчиња слични на бејглс

Состојки

  • 5 дл млеко
  • 50 г свеж квасец
  • 3 лажички сол
  • 2 лажици мед
  • 1 дл масло
  • Брашно по потреба (околу 1 кг)
  • За мачкање
  • 1/2 дл вода
  • 1 лажица мед

Подготовка

Овие лепчиња се нешто слични како американските бејглс.

1. Се меша квасецот со ладното млеко, да се стопи малце.

2. Се додава сол, мед и масло.

3. Се додава брашно. Овде немам точни мерки, се додава колку со прима тестото, да дојде убаво меко тесто, малце да се лепи тестото.

4. Се остава да стаса 40 мин.

5. Се дели тестото на 4 дела и од секој дел се вади 6 лепчиња.

6. Со раце се размесува од секој дел, слаби како прст и долги одприлика 60 цм.

7. Се витка дупло и се вртат. Има слики за полесно. На плех со хартија се редат и таму се склопуваат ќошевите.

8. Се меша водата со медот за мачкање, се мачкат и се поросуваат со сусам.

9. Уште 30 мин да стасаат.

10. Се печат во загреана рерна на 225 степени 20 мин.