Испечати

Брзи вино слатки

Брзи вино слатки

Состојки

  • четвртина лажичка квасец
  • 1 лажица со врв шеќер
  • 100 мл. бело вино
  • 100 мл. масло
  • 250 - 300 гр. брашно
  • 6-7 лажица слатко, мармалад, течно чоколадо или претходно натопени во алкохол суво овошје по избор

Подготовка

Растворете го квасецот со шеќерот во виното, додадете 2 лажици брашно и оставете за 10 минути, а потоа додадете маслото и брашното. Замесете меко тесто, покријте и оставете го да нарасне за половина час. Квасецот во тестото е малку и тоа не се надува многу.
Расукајте правоаголна кора, намачкајте ја со филот и завиткајте на ролат. Исечете на парчиња околу 1 прст и ставете ги свртени во плех со хартија за печење. Посипете со ореви или сончоглед. Печете ги слатките на 250 степени.