Намаз со праз

Состојки
- 2 страка праз
 - 150 гр чадени пилешки гради
 - 300 гр фета сирење
 - 200 гр мешано сирење
 - 300 гр павлака
 
Подготовка
Со цел да ги потрошам и последните залихи од праз излезе овој одличен намаз кој им се допадна на сите кои го пробаа.
 1. Празот и чадените пилешки гради ситно ги сецкаме.
 2. Мешаното и фета сирењето го ситно го рендаме.
 3. Во еден сад ги ставаме сите состојки, ја додаваме павлаката и мешаме додека не се соединат состојките.