Испечати

Пилешка паштета со бешамел сос

Пилешка паштета со бешамел сос

Состојки

  • 400 гр пилешко месо
  • 3 лажици маслиново масло
  • 170 мл готов бешамел сос
  • 1 лажица мајонез
  • 2 лажици кисела павлака
  • сол, црн бибер и мешан сув зачин по вкус
  • прстофат гарам масала
  • 3-4 ливчиња свеж босилек

Подготовка

Сварете го пилешкото, па исецкајте го на коцкички. Ставете го со маслото во тава и пропржете го. Додадете го бешамел сосот и зачините, измешајте да се спојат и тргнете од оган.
Содржината ставете ја во блендер. Додадете ги павлаката, мајонезот и босилекот исецкан. Изблендирајте.
Послужете намачкано на тостирано лепче, оризови плочки или пак, исто така, одлично оди ако ја вмешате во тестенини.