Испечати

Паштета со пржени тиквички

Паштета со пржени тиквички

Состојки

  • 1 млада тиквичка
  • За пржење
  • 2 јајца
  • 5-6 лажици брашно
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • сол, бибер по вкус
  • За паштетата
  • 120 гр сирење
  • 4 лажици кисела павлака
  • 5-6 лукчиња
  • бибер и други зачини по желба

Подготовка

Ова е еден едноставен, а сепак фантастичен рецепт за паштета т.е. намаз од пржени тиквички. Ние сме љубители на лук, нас многу ни се допадна, навистина бевме воодушевени, лесна е, а сепак содржителна.
Моја препорака е да си ја направите специјално, а можете да ја пробате и доколку ви останат пржени тиквички од некој секојдневен ручек.

Подготовка
1. Тиквичката ја лупите и ја сечкате на кругови со дебелина од 2-3 мм. Јајцата добро ги матиме, а брашното со зачините и куркумата ги мешаме во еден сад. Секое кругче го топиме во јајца па го валкаме со смесата од брашно и потоа го пржиме на загреано масло. Ги оставаме да се изладат.
2. Лукчето го чистиме и ситно го сечкаме. Пржените тиквички, сирењето, киселата павлака и лукот со зачините ги ставаме во сечко или блендер. Блендираме додека смесата да стане хомогена. Едноставно, а особено вкусно.

Забелешка
Дозата што ми е напишана се однесува за една тегличка од 380 гр, а мене ми излегоа две мали теглички како што е тегличката на дополнителната фотографија. Рецепт за пржени тиквички со куркума веќе имам споделено тука.
Користев стар лук, па интензитетот на вкус и беше поинтензивен. Може да се направи и со млад лук доколку имате и сакате.
Исто сакам да ви кажам дека користев козјо сирење, ама може да се направи со сирење по желба.
Нема потреба од дополнителни зачини за во блендер, затоа што пржените тиквички веќе си имаат еден посебен шмек и вкус.

Никогаш не инсистирам да пробате рецепт, ама овој ќе ве остави без здив, затоа пробајте и споделете!