Испечати

Тиквички со лобода и пармезан

Тиквички со лобода и пармезан

Состојки

  • 1 тиквичка
  • 10 листови лобода
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица пармезан
  • 1 лажица зачин
  • 1/2лажичка бибер
  • 3 јајца
  • 2 лажици брашно

Подготовка

Да ја искористиме пролетта и тоа што го нуди.
Тиквичката се лупи и се ренда на покрупната страна. Најпогодни се малите потесни тиквички кои не содржат толку вода. Одкако ќе се изренда се посолува со зачин и се остава да одстои 20 минути. Потоа убаво се исцедува вишокот течност и се става триквичката во подлабок сад. Се додава и лободата ситно сецкана. Листовите лобода се многу меки-кревки и нема потреба од претходно обарување. Се додаваат зачините, пармезанот, јајцата и брашното и убаво се меша. Со лажица се зема од смесата и се пржат ќофтенца на врел зејтин и се редат на салфетка да се одцеди вишокот маснотија. Вкусни, лесни, едноставни...