Испечати

Пролетна пица

Пролетна пица

Состојки

  • Тесто
  • 250 грама мешавина од остро и меко брашно
  • 20 гр. квасец
  • 1 лажица масло
  • 150-200 мл. вода
  • по 1 лажичка сол и шеќер
  • За фил
  • 100 гр. домати
  • 100 гр. тиквичка
  • 100 гр, шампињони
  • 200 гр. сирење Моцарела
  • окоу 150 - 200 гр. концетрат од домати

Подготовка

Припрема
Фил
- Исецкајте ја тиквичката на коцки.
- Исецкајте го патлиџанот на коцки, посолете и оставете во цедалка да се цеди.
- Шампињоните исто така исецкајте ги.
Тесто
- Замесете тестото од наведените состојки притоа додавајки само 150 мл. вода (зависи од брашното), по ваша оценка додадете ги преостанатите 50 мл. како би добиле меко тесто.
- Оставете нека го удвои обемот.
- Извадете го од садот стасаното тесто - на побрашнета површина расукајте кора во големина од 38 см. пренесете на тавката.
- Врз тестото прво намачкајте го концетратот од доматот, врз него нарендајте половина од сирењето Моцарела, ставете потоа врз него доматите кои веќе се исцедени, тиквичката и шампињоните. Изрендајте врз тоа останатата половина од Моцарелата.
-Ставете да се пече околу 15 мин.на 250 степени претходно загреана рерна.
Напомена
- Овака спрема пица е одлична ако наместо домати ставите модар патлиџан кој исто така ќе го исецкате на коцки, посолете, нека одстои да пушти од сокот, измијте, ставете на крпа да се впие влажноста негова. Тогаш ќе користите за премачкување повеќе од концетратот на доматите - во оваа варијанта јас ставам околу 300 гр. концетрат. Вкусот е навистина добар и вака припремана пица.
- Ја расукав кората во големина на Делимано плитката тава. Секако дека е добро да се пече во специјализираните тавки за пици.
- Слободно посипете си Оригано доколку го сакате