Испечати

Салата со грилани тиквички

Салата со грилани тиквички

Состојки

  • 1 кгр. тиквички помали
  • 200 гр. кисела павлака
  • 60 гр. мајонез
  • на вкус сол, бибер
  • на вкус толчен лук
  • сосема малку шеќер

Подготовка

Припрема
- Исечете ги тиквичките на тенки парчиња - кругови или по должина, посолете и оствете да го пуштат сопствениот сок.
- На тостер или грил тава потпечете ги.
- Измешајте ги павлаката и мајонезот, додадете ги исецканите грилани тиквички и додадете кај мешавината од павлака и мајонез. Овкусете по ваш сопствен вкус додавајки притоа солта, биберот, малку шеќер, (прстофат), измешајте убаво, ставете во фрижидер да се добро олади.
Совет
- Можете оваа салата да ја правите и со лесно запржени тиквички на малку зејтин и исечени на коцки.
- Ако ги изблендирате и ги споите со опишаната смеса ќе добиете одличен намаз.
- Лукот дава посебен шмек, а заради уште поинтензивна арома да има обавезно додвам копар, па тој е измислен за киселите млека и салати.
- Доколку имате аверзија према мајонезот, тогаш ставете само кисела павлака зголемувајки и ја количинат. Кај мене најчесто е така спремана (ова јас ви го напишав оригиналниот рецепт, а трпи големи измени тој).
- Ако ве збунува шеќерот, исто така изоставете го.
- Може да додадете и ситно сецкан магданос, ама лукот никако да не го пропуштите, во него е магијата на оваа салата.