Лиснати пити со јаболка
Состојки
- 500 гр лиснато тесто
- 4 јаболка
- 1 лажица путер
- 1 грст кафеав шеќер
- 1 лажиче ѓумбир во прав
- 1/2 лажиче цимет
- 1 кора од лимон
- 1 лажица сок од лимон
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Исчистете ги јаболката и исечкајте ги на мали коцкички. Ставете ги во тава и додадете го маслото. Пржете ги додека омекнат, па додадете ги зачините, сокот и кората од лимон и шеќерот. Пржете ги мешајќи додека на станат густи и лепливи. Оставете ги на страна да изладат. Шеќерот и зачините можи да ги додавате спрема вкусот и желбата на конзументите. Нам, оваа комбинација нам ни беше совршена.
Лиснатото тесто развлечете го во правоаголник врз набрашнета површина. Исечете го на пола на потесната страна, а на подолгата на 4 пати за да добиете 8 помали правоаголници.
Секој раб од 8те правоаголни форми премачкајте го со разматено јајце. На едната половина ставете од изладениот фил со јаболка, а другата засечете ја неколку пати со ноже или алатка, па префрлете ја преку делот со фил и убаво на секаде притиснете ги со раце рабовите.
Со шпакла префрлете ги питите во плех, обложен со пек-хартија и одозгора премачкајте ги со јајцето. Печете на 200С, 25 минути.
Кога доволно ќе изладат, наросете ги со шеќер во прав.